ЗАЕВ ЌЕ ГО БРИШЕЛ ОД ПЛОЧИТЕ НА НОБ „БУГАРСКИ“ Мицкоски порача дека доаѓа крајот на продавањето на македонските интереси
Зоран Заев знае дека народот не му верува веќе на приказните каде мисли дека со креирање на страв ќе остане на власт. Нема страв овој народ. Овој народ има желба за промени. Овој народ е горд народ и достоинството никој не може да му го земе - нагласи Мицкоски.
11 Октомври е празник кој особено е вреднуван на ова место и има тука посебно значење. Ако се прашувате зошто Зоран Заев вчера вечер и утрово зборуваше за 11 Октомври, тоа е само затоа што на 17 октомври имаме избори и сака да заборавите на се она што претходно го правел. А, кога нема избори тој тргува со светите работи на овој народ меѓу кои е нашето антифашистичко наследство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Прилеп.
– Тој кога не се избори самиот си кажува дека Бугарите овде за Втората светска војна не биле фашисти туку биле администратори. Денеска од Прилеп, од градот од каде што се дигна македонската борба против бугарскиот фашистички окупатор порачуваме – доаѓа крајот на продавањето на македонските национални интереси. Доаѓа крајот на оваа Влада што не направи ништо освен што се обидува да го продаде македонскиот идентитет“ – порача Мицкоски.
Тој додаде дека антифашистичката борба, илинденците, оние светли моменти од македонската историја не потсетуваат дека не смееме да паднеме во апатија, дека не смееме да се откажеме од борбата за подобро. Овие моменти од македонската историја велат дека е време да станеме пак во борба за повисоки вредности, за Македонија каква што заслужуваме. Оваа Влада не научи дека не живееме во минатото, дека кај овој народ не поминува плашењето од минатото. Овој народ нема страв, овој народ виде дека полоша од оваа Влада сме немале.
– Но овој народ не признава порази и знае да се избори во она во што верува. Историјата нѐ учи на големи победи и нѐ учи да не ги повторуваме истите грешки. Затоа, Зоран Заев знае дека народот не му верува веќе на приказните каде мисли дека со креирање на страв ќе остане на власт. Нема страв овој народ! Овој народ има желба за промени! Овој народ е горд народ и достоинството никој не може да му го земе – нагласи Мицкоски на митингот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Заев денеска зборува за 11 Октомври, само затоа што има избори, а во реалноста тргува со историјата, со антифашистичкото наследство и брише бугарски од плочите од НОБ и затоа му порача дека Македонија нема да се предаде и дека доаѓа крајот на поделбите кои Заев ги креира.
– Кога нема избори, тој тргува со светите работи на овој народ, меѓу кој е и нашето антифашистичко наследство. Тој кога не се избори, самиот си кажува дека Бугарите овде за втората светска војна не биле фашисти туку биле администратори. Ќе го бришел од плочите од НОБ „бугарски“. Ќе ја брише историјата каде нашиот идентитет е зацртан. Почнува со едно и на крај остануваме без се. Така работи Заев! Ветува едно, а во реалност го прави спротивното – истакна Мицкоски.
Тој изјави дека Македонија нема да се предаде пред приказните на Заев и нема да му поминат поделбите, Македонија ќе победи на овие избори и на народот му е доста од разочарувања.
– Антифашистичката борба, илинденците, оние светли моменти од македонската историја не потсетуваат дека не смееме да паднеме во апатија, дека не смееме да се откажеме од борбата за подобро. Овие моменти од македонската историја ни велат дека е време да станеме пак во борба за повисоки вредности, за држава каква што заслужуваме. Оваа Влада нѐ научи дека не живееме во минатото, дека кај овој народ не поминува плашењето од минатото. Овој народ нема страв, овој народ виде дека полоша од оваа Влада сме немале – рече Мицкоски.