БУГАРИЈА ГИ ПОВЛЕКУВА РЕСТРИКЦИИТЕ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ Македонија не е веќе во црвената зона

Забраната се укинува за сите кои имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан ковид, што важи од 11 до 180 ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. 

1,453
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук профил информираше дека од утре Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани на нејзина територија.

 

– Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона – пишува Османи.

Забраната се укинува за сите кои имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан ковид, што важи од 11 до 180 дена од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Поврзани содржини