ЛИЦЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ НА ЛИСТАТА ЗА СОВЕТНИЦИ Ова е прв пример во историјата на Куманово, благодарност до Димитриевски
Кандидатката за советник Бојана Младеновска по 17 октомври ќе работи за интересите на сите граѓани, вклучително и за лицата со попреченост.
Кандидатот за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, овозможи лицата со попреченост да имаат можност на делување во идниот Совет на општина Куманово.
Ова е прв пример во историјата во Куманово лице со попреченост да биде вклучено во креирањето на локалните политики во оваа општина.
Кандидатката за советник Бојана Младеновска по 17 октомври ќе работи за интересите на сите граѓани, вклучително и за лицата со попреченост.
„Голема благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски за поддршката и можноста да се обидете заедно да ги отстраниме бариерите. Јас сум Бојана Младеновска, по професија сум логопед, сертифициран обучувач на Државната изборна комисија и десет години наназад активист и член на Управниот одбор на Инклузива (Здружение за промоција и развој на
инклузивно општество), сведок на многу приказни, поинакви судбини и сопственик на една таква. Ова го споделувам не за да се пофалам, туку да ги охрабрам лицата со попреченост да не се повлекуваат, да не дозволат попреченоста да ги фрла во сенка. Едно лице со попреченост има попреченост во одреден сегмент, но тоа никако не значи дека нема квалитети, дека е нестручно и неспособно. Напротив, имате лица со попреченост многу поспособни од тие што седат во фотелјите, секоја чест на исклучоци“, рече Младеновска на денешната прес-конференција.