34.393 ДЕНАРИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ ВО СЕПТЕМВРИ Синдикалната кошничка за еден месец поскапа за 50 денари

Синдикалната минимална потрошувачка кошничка се однесува на четиричлено семејство кое нема автомобил.

1,771

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во септември се зголемени за околу 50 денари во однос на август.

Според Сојузот на синдикати, кој ја изработува синдикалната потрошувачка кошница, во септември минималните трошоци изнесувале 34.393 денари што во споредба со август претставува зголемување за 51 денар.






Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци за што минимално се потребни 14.662 денари, додека за плаќање на режиските трошоци потребни се 10.839 денари. За хигиена минимум би се потрошиле 2.385, а за превоз 2.539 денари.

Синдикалната минимална потрошувачка кошничка се однесува на четиричлено семејство кое нема автомобил.

Поврзани содржини