ЛАНИ ГО ЗАДАВИЈА ПАУНОТ, А СЕГА КОКОШКАТА И ЗАЈАКОТ Кучиња-скитници ја „тероризираат“ црквата во Автокоманда (ФОТО)

„Ова не е глад, ова е нагон за убивање. Ве молиме секој кој сака нека сподели, па можеби надлежните ќе видат и конечно нешто ќе преземат. Ова нема смисла, до кога ќе бидеме заложници на уличните кучиња?“, наведено е во објавата заедно со фотографиите.

2,174

Улични кучиња растргнале зајак и обезглавиле кокошка во дворот на православниот храм „Свети Архангел Михаил“ во Автокоманда, соопшти црквата на Фејсбук, објавувајќи вознемирувачки фотографии од убиените животинки.

„Ова не е глад, ова е нагон за убивање. Ве молиме секој кој сака нека сподели, па можеби надлежните ќе видат и конечно нешто ќе преземат. Ова нема смисла, до кога ќе бидеме заложници на уличните кучиња?“, наведено е во објавата заедно со фотографиите.






Ова не е првпат ваков инцидент да се случи во дворот на црквата во Автокоманда, бидејќи минатата година беше растргнат белиот паун Белан, пренесе Вечер.

Поврзани содржини