КУЧЕ НАПАДНАЛО 18-МЕСЕЧНО ДЕТЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ Родителите бараат итна реакција од надлежните
Детето било малку пооддалечено од семејството кога кучето се нафрлило врз него, тврдат родителите. Случајот бил пријавен во полиција.
Осумнаесетмесечно дете било нападнато и искасано од куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари. Детето добило повеќе повреди и веднаш било однесено во здравствена установа каде добило помош и му била дадена вакцина „Верараб“, објави „Рома прес“.
Родителите за медумот раскажале дека семејството било собрано на терасата. Детето се наоѓало малку пооддалечено од останатите. Кучето најверојатно влегло во дворот, а мајката се обидела да го избрка. Тогаш, според семејството, животното се нафрлило врз детето.
Детето добило повеќекратни каснувања и повреди. Тие биле во пределот на лицето и увото, како и на предниот и задниот дел од трупот.