Соросовата фондација, ХЕРА и Град Скопје биле должни да се информираат за злоупотребите на секс-скаутите!
ите што го финансирале или на друг начин го поддржувале Првиот скопски извиднички одред имале обврска да ги надгледуваат неговите активности, а кога веќе е утврден груб етички и веројатно и законски прекршок, венаш да ја прекинат соработката и да ѝ се извинат на јавноста.
Метаморфозис и Вистиномер, организации финансирани од Фондацијата Отворено општество Македонија, вршат цензура на Фејсбук, во обид да ги прикријат вестите во кои се укажува на фактот дека Соросовата фондација и градот Скопје го финансирале скандалозниот Прв скопски извиднички одред, пишува порталот Република.
Дали е ова лажна вест?
Веднаш ќе провериме!
Како што веќе најавив токму на Фејсбук, имам намера сериозно да го поставам прашањето на одговорноста и на раководството на Соросовата фондација, на раководството на невладината организација ХЕРА, на раководството на град Скопје, но и на премиерот Зоран Заев, за шокантното поведение на извидничкиот одред, кој за учесниците организирал „игри“ со сексуална содржина, при што има сериозни индиции дека се вршени криминални злоупотреби на малолетници.
Во секоја нормална земја, еден ваков настан би добил сериозен медиумски третман, бидејќи цивилизираните народи се сензибилизирани за прашањето на сексуалните злоупотреби на малолетници, особено кога тие се вршат како лажна „сексуална едукација“. Во секоја нормална земја за вакви злодела се повикуваат на одговорност и сторителите, но и институциите кои биле должни да спречат тие да се случат.
Првиот скопски извиднички одред добил помош од Фондацијата Отворено општество Македонија. Точно е тоа дека помошта не била за проектот за „секс едукацијата“, туку за друг проект. Но, точно е и тоа дека бенефит од тој грант имала целата организација. Од тие причини, според строгите правила за доделување грантови (кои ми се многу добро познати), Соросовата фондација била должна да ги надгледува активностите на својот грантист. И кога веќе тоа не го правела како што треба, сега, кога е утврден голем етички и веројатно и законски прекршок на грантистот, најмалку што мораше да стори ФООМ е да го раскине договорот за грант, јавно да се извини и да вети дека во иднина нема да ја поддржува оваа организација.
Сите кои имале такви односи со Првиот скопски извиднички одред – како Град Скопје и ХЕРА – се должи да постапат на истиот начин. Додуша, Град Скопје се огради од активностите на секс-скаутите, но изостана извинување до јавноста. ХЕРА, пак, им држеше лекции на медиумите и на новинарите, наместо да се соочи со сопствената објективна одговорност.
Конечно, се засрамив од фактот што премиерот Зоран Заев денеска, неколку дена откако скандалот ја тресе Македонија, јавно изјави дека прв пат слуша за таа работа. Замислете, човекот од кого се очекува да бдее над судбината на нацијата, кој има најголема моќ а со тоа и најголема одговорност за општите состојби, изјавува дека прв пат слуша за скандалот!
Но, да се вратиме на веста за наводната цензура на Фејсбук, на која алармира порталот Република. Еве, овој коментар и јас ќе го споделам на Фејсбук. Живо ме интересира дали и тој ќе добие назнака „лажна вест“. Бидејќи, како што добро знаете, сево ова за кое зборувам во овој текст е вистина.