ВМРО-ДПМНЕ СО ПРАШАЊЕ ДО ШИЛЕГОВ Зошто Скопје на стана „смарт“ изминатите четири години?
ВМРО-ДПМНЕ, како што велат во реакцијата, се сомнева дека Шилегов и овој проект ќе го претвори во сопствена заработка.
Клучната придобивка од „Смарт сити“ на Петре Шилегов е што треба да оди во затвор, злоупотребува 6.5 милиони евра преку фирми подизведувачи блиски до него, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на актуелниот градоначалник на Скопје дека ќе го продолжи почнатиот проект.
ВМРО-ДПМНЕ, како што велат во реакцијата, се сомнева дека Шилегов и овој проект ќе го претвори во сопствена заработка.
– Медиумите веќе објавија дека голем број компании кои сакале да учествуваат на тендерот за „Смарт сити“ барале измени во тендерската документација и техничките спецификации за милионскиот тендер што Град Скопје го спроведе, меѓутоа најголем дел од нивните барања биле одбиени. Зошто биле одбиени и зошто тендерот е направен токму како што е направен се прашања на кои што Шилегов по 17 октомври ќе има време да одговори – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму прашуваат и што правеше Шилегов изминатиов мандат.
– Зошто не го направи до сега? Или ова е уште еден подземен тунел на Шилегов, го има на хартија проектот, а во пракса никаде? Нека почне првин со одговори на овие прашања, а за другите има време, нема да застари, ќе одговори секако – велат од партијата.