ГАБРИЕЛ БАЈРАМ Е КАНДИДАТ НА ИЗБОРНА ЛИСТА На полноќ експлодирала бомба во неговиот двор

843

Синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам ноќеска пријавил во полиција дека околу полноќ му била фрлена бомба во дворот на семејната куќа. За среќа, нема повредени, а причинета е материјална штета врз куќата. Настанот во денешниот билтен го потврди и МВР.

„На 03.10.2021 во 00,13 часот во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата. Нема повредени лица. Известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.






Габриел Бајрам е на десетто место на советничката листа на СДСМ за Град Скопје на претстојните локални избори. Тој  неколкупати пријавувал во полиција дека имал закани по телефон и на социјални мрежи.

Поврзани содржини