НЕ УСПЕАЛА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД КУЌАТА Жена изгоре во пожар во Пинтија

Осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во семејна куќа во скопската населба Пинтија. Според неофицијални информации, огнот избувнал на долниот кат, а жената не успеала навреме да се извлече.

1,182

Осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија, објави Скопје 1. Пожарот бил пријавен по полноќ. Причината засега останува непозната.

Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека случајот бил пријавен во 01:48 часот. Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С.К. (45), каде живеела и нејзината мајка М.В. (85).






Според неофицијални информации на Скопје1, огнот избувнал на долниот кат од куќата. Жената не успеала навреме да излезе.

Екипа на Итната медицинска помош констатирале смрт на местото, соопшти МВР. На други лица им била укажана прва помош. Соседите биле вознемирени.

 

Поврзани содржини