СУРОВО И ИЗМАЧУВАЧКИ! Сопствениците на миленици прават нешто незамисливо во новиот Интернет предизвик (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е поставен нов предизвик, кој гласи: „Не галете го вашето домашно милениче“.

1,179

Сопствениците на миленичиња понекогаш прават неверојатни работи за да проверат како ќе реагира нивното милениче. Со тоа, тие сакаат да откријат дали е алчен, дали ги сака, дали им верува … Овие миленичиња можеби ја загубија довербата во сопствениците, а можеби и останаа неизмерно збунети, изразите на нивните лица говорат многу.

На социјалните мрежи е поставен нов предизвик, кој гласи: „Не галете го вашето домашно милениче“. Идејата е да ја доближите раката до вашето домашно милениче, да изгледа дека ќе го погалите како и обично, а потоа треба да застанете во последен момент и да ја задржите рака.






Откако голем број сопственици го испробаа овој малку суров предизвик, LADbible објави компилација од истиот, а некои погледи на миленичињата може да ве растажат.

Додека на некои предизвикот им е смешен, други се прашуваат како некои сопственици можат да бидат толку сурови кон своите миленици. Како што опиша некој во коментарот, јасно е дека сите животни имаа скоро иста реакција – поглед полн со неверување насочен кон сопственикот. Некои дури одат дотаму што размислуваат за тоа дека предизвикот е тортура, иако тој опис изгледа малку претеран.

Од друга страна, според некои експерти, тапкањето по главата на миленичето не се препорачува, бидејќи кучињата овој гест го сметаат за „заканувачки“ и не им се допаѓа таков пристап. Некои можеби се исплашени, зачудени, а некои ќе плачат поради тоа.

Поврзани содржини