ОТВОРЕН ГРАДСКИ ШТАБ СО ВИЗИЈА Весковски ќе воведе планско урбано живеење во Карпош

Визијата за наредните четири години  е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со хумана и планска урбанизација што го штити јавниот интерес, ја почитува приватната сопственост и придонесува за економскиот развој.

556

Со цел поголема достапност до граѓаните, отворен е нов градски штаб на СДСМ со една визија – Најдоброто за Скопје!

На отворањето присуствуваше кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски, кој претстави дел од проектите и визијата за урбан Карпош.






– Нашиот Карпош не е само територија, нашиот Карпош се вредностите што ги граделе многу генерации во изминатите четири и пол децении. Нашиот Карпош е симбол на развојот на постземјотресно Скопје, симбол на солидарноста, заедништвото и хуманоста. Ние, карпошани, имаме обврска да продолжиме да ги развиваме тие вредности и гордо да ги пренесуваме на идните млади поколенија. Нашиот Карпош е интелектуален, економски, социјален и еколошки двигател на Градот Скопје. Одлучни сме целосно да го искористиме овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење – рече Весковски.

Визијата за наредните четири години, додаде тој,  е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со хумана и планска урбанизација што го штити јавниот интерес, ја почитува приватната сопственост и придонесува за економскиот развој, со највисок процент на
зелени површини во Градот и Републиката, со чисти улици по кои ќе се движат повеќе велосипеди, а помалку автомобили, со развиена социјална и културна инфраструктура.

Штабот лоциран на улица Македонија (поранешно Кафе-бар Гнездо) е постојано отворен за сите прашања и одговори на граѓаните кои сакаат да го одберат најдоброто за својата иднина.

Поврзани содржини