КАКО МАРИЧИЌ ЗНАЕ ДЕКА ПОПИСОТ ЌЕ ЗАВРШИ ДО УТРЕ? Алијанса обвинува дека политиката вмешала прсти во пописот
апелираме до Парламентот итно да се собере и да донесе одлука за продолжување на пописот, без разлика дали е попишан секој граѓанин и секое домаќинство - вечат од Алијанса за Албанците.
Како министерот ги има информациите и дали може да биде сигурен дека пописот ќе заврши до утре, кога сите сме сведоци дека имаме проблеми на терен и многу граѓани не се попишсни, реагира Алијанса за Албанците на изјавата на министерот за правда Бојан Маричиќ дека Државниот завод за статистика дава максимални напори до крајот на утрешниот ден да се комплетира пописот.
– Оваа информација доаѓа и до нашата адреса од граѓаните кои сè уште ги чекаат попишувачите. Државниот завод за статистика е независно тело и само тоа може да дава изјави во врска со прашањето за кое станува збор. Со ова се докажува дека политиката и владата се мешаат во овој процес и се потврдува тенденцијата за политизација. Можеби министерот сака да ја покрие својата позиција кога беше донесен законот и кога категорично беше отфрлен амандманот на албанската опозиција за продолжувањето на пописот за неколку дена, ако тоа не се направи навреме со цел граѓанинот да ја исполни законската обврска и да не биде казнети – велат од Алијанса.
Според партијата на Зијадин Села, доказ дека има проблеми со пописот и дека не се попишани сите граѓани е одлуката на Заводот за статистика да определи центри во општините каде што самите граѓани ќе одат да се попишуваат.
– Зошто ни се потребни такви центри ако нема проблеми. Од попишувачите се бара да ги вклучат сите домаќинства. Значи, изјавата на министерот е само фарса и е во целосна спротивност со одлуката за која станува збор. Да не заборавиме дека претседателот на државата ги имаше и нашите информации за нефункционирање и прекин на системот, за проблемите од оваа природа на терен и неслучајно изјави дека доколку е потребно пописот ќе биде одложен. Затоа, го покануваме министерот да не дава такви изјави, бидејќи со изјави тој нема да го реши проблемот, туку само ќе ги покрие неговите лични каприци и оние на неговата влада. Од друга страна, повторно апелираме до Парламентот итно да се собере и да донесе одлука за повторно продолжување на пописот, без разлика дали е попишан секој граѓанин и секое домаќинство – вечат од Алијанса за Албанците.