КАКО НАВИСТИНА ИЗГЛЕДА ЏОАН КОЛИНС Објавена ретка фотографија на актерката без перика (ФОТО)
Славната Алексис секогаш се појавуваше во јавноста гламурозно, со шминка, скапо облечена и со перика.
Џоан Колинс имаше само неколку добри улоги во животот, но и само една – улогата на Алексис од „Династија“, беше доволна за да се стекне со светска слава. Џоан Колинс има 88 години и никој никогаш не ја видел без шминка или без перика.
View this post on Instagram
Токму поради тоа, вистинска сензација предизвика фотографијата на актерката со нејзината најмлада ќерка Кети. Обожавателите се воодушевени, бидејќи сега прв пат ја гледаат актерката онаква каква што навистина е.
View this post on Instagram
Џоан Колинс е фотографирана со својата ќерка Кети на излез од ресторанот „Челзи гарден“, кој изгледа како бајка, бидејќи е полн со зеленило и цвеќиња. Иако делува дека ги фотографирал папарацо, актерката и нејзината ќерка позираат.
Џоан Колинс и овојпат била совршено облечена: носела бели панталони со блуза со бели и сини цветови, со убав блејзер што го надополнил нејзиниот изглед. Додека пак, ќерка ѝ Кети носела црна кожена јакна којашто ја искомбинирала со фармерки.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм