МАЖ СЕ ЗАДУШИ ОД ЧАД ВО НИВА Заедно со сопругата палеле гранки, паднал во бесознание и починал

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

487

Маж се задуши од чад откако заедно со својата сопруга запалиле гранки во нивната бавча во ресенското село Претор.

Полицијата соопшти дека несреќата е пријавен вчера попладне  дека настанал пожар во близина на шумска куќа на Јавно претпријатие „Национални шуми“, во атар на с.Претор. Горела сува трева и стрниште.






„Полициски службеници и Јавен обвинител излегле на местото и го пронашле починат М.Л.(62) од с.Претор, а смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош. По преземени мерки било констатирано дека М.Л. и неговата сопруга Н.Л.(56) запалиле гранки во нивна бавча на место викано „Крива нива“ од што настанал пожар, а од густиот чад М.Л. паднал во безсознание, по што бил извлечен од огнот, но веќе бил починат“, стои во соопштението на полицијата.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Поврзани содржини