АХМЕТИ ОД ГОСТИВАР ЈА ПОЧНА КАМПАЊАТА Работиме посветено за да ја направиме земјата подобра од вчера
Лидерот на ДУИ потсети дека во изминативе изборни циклуси оствариле многу и дека како партија ја заслужуваат поддршката за уште изборна победа.
Со овој тим засилен со стручни луѓе од нивните области, за кој ќе гласаме на 17 октомври отвораме нова страница и со нив започнува третата декада со победи, рече Али Ахмети лидерот на Демократската унија за интеграција гво Гостивар каде што партијата го означи почетокот на кампањата на локалните избори.
– Работиме посветено за да ја направиме земјата подобра од вчера. Да имаме почиста животна средина, поздрав живот. Така, на 17 октомври не само оние што гласаа за ДУИ, така и сите граѓани во Република Македонија, не само Албанци, туку и Македонци, Турци, Бошњаци, Срби треба да гласаат за агенда која е смела и го штити здравјето на сите. Ние ја имаме најдобрата понуда – рече Ахмети.
Тој потсети дека во изминативе изборни циклуси оствариле многу и дека како партија ја заслужуваат поддршката за уште изборна победа.
– Сега излеговме со силна платформа „зелена агенда, агенда за живот“ Таа агенда бара знаење, внимание, експерти. Како што верував дека ќе има албански премиер, така и оваа агенда ќе се оствари – рече тој.
Ахмети зборуваше и натамошните планови, кои ги нарече задачи кои треба да се завршат, и ги напомена проверката (ветингот), судските реформи, борбата против корупцијата и криминалот. Зборувајќи за надворешната политика и актуелните состојби лидерот на ДУИ нагласи дека како што бил решен проблемот со Грација, така ќе се реши и проблемот со Бугарија.
Од говорницата во Гостивар се обрати и актуелниот претседател на собранието Талат Џафери и координатор на изборите во шестата изборна единица.