ПЕЈАЧКАТА ПРОГОВОРИ ЗА ХОРОРОТ На 17 години невиноста ја изгубила со силување
Инцидентот се случил пред 25 години, а таа сега за тоа проговорила во својата нова книга, чии извадоци ги пренесува „Дејли мејл“.
Пејачката Софи Елис-Бекстор тврди дека била силувана од 29-годишен музичар по име Џим кога имала 17 години.
Иако му велела дека тоа не го сака, пејачката вели дека сепак ја изгубила невиноста со него во неговиот стан. Инцидентот се случил пред 25 години, а таа сега за тоа проговорила во својата нова книга, чии извадоци ги пренесува „Дејли мејл“.
Пејачката, која сега има 42 година, првпат проговорила за потресниот инцидент за своите мемоари „Spinning Plates“, кои треба да излезат следниот месец.
Тоа се случило по еден концерт на кој гитаристот настапувал, а Софи била во публиката. Наводно, музичарот ја прашал дали сака да оди во неговиот стан за да погледне некои од книгите што ги има.
„Следно на што се сеќавам е дека почнавме да се бакнуваме. Одеднаш бевме на неговиот кревет, а тој ми ги соблече гаќите. Се слушнав како му велам „не“ и „немој“, но тоа не помогна“, се присетила Софи.
„Тој не ме слушаше. Имаше секс со мене. Ми беше срам. Така ја изгубив невиноста и се чувствував многу глупаво. Се сеќавам дека зјапав во неговите полици за книги и само размислував за тоа дека сега е готово и дека морам да дозволам тоа да се случи“, прераскажала таа.
Таа додала и дека во тоа време за силување не се зборувало на начин на кој дека воопшто се споменува согласност. Се уверила себеси дека не станува збор за силување бидејќи тој не ѝ викал и физички не ја нападнал.
Софи признава дека досега тоа го чувала во тајност, поради што се чувствувала како „соучесник“.
„Тука имаше две личности, едната сакаше, другата велеше „не“, а сепак се случи. Не ме слушнаа кога имав 17 години, но мислам дека сега ќе ме слушнат“, заклучила таа.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм