БЕШЕ ЕДИНСТВЕНАТА КОЈА ПО РАЗВОДОТ ЈА ПОКАЖА ВО ЈАВНОСТА Том Круз раскина со младата актерка
Актерската двојка беше неразделна од првиот ден на снимањето на заедничкиот филм, но одлучиле да стават крај на нивната романса.
Холивудската ѕвезда Том Круз (59) ја прекина емотивната врска со помладата колешка Хејли Атвел (39).
Тие двајца биле неразделни уште од првиот ден на снимањето на продолжението на „Невозможна мисија“, а за нивната врска се дозна во декември 2020 година.
– Заедно поминаа низ интензивен период на снимања. Одлично се сложуваат, но одлучија да останат само пријатели. Том има премногу обврски и постојано патува. Тоа е и една од причините поради која тие не функционираа – рекол извор близок до актерот за „Сан“.
Со оглед на тоа што снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“ не е целосно завршено, Хејли и Том ќе ја продолжат соработката.
Хејли, која е 20 години помлада од актерот, беше првата девојка која Круз ѝ ја претстави на јавноста по разводот со Кејти Холмс во 2012 година, со која ја има ќерката Сури.
Круз претходно беше во брак со актерката Никол Кидман, а пред тоа со уште една актерка, Мими Роџерс.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм