ГЛЕДАШ ДЕКА ИМАМ МОЗОК? Балотели збесна по изјавата на тренерот на Бешикташ (ВИДЕО)
Пријателите ми го покажаа видеото на кое Јалцин зборува дека немам мозок во главата. Без многу вознемирен, рече италијанскиот фудбалер Марио Балотели.
Италијанскиот напаѓач Марио Балотели повторно беше во центарот на вниманието во Турција откако го провоцираше тренерот на Бешикташ, Серген Јалцин.
Откако постигна гол, Балотели истрча до клупата и му покажа на тренерот дека во неговата глава има памет, а таквиот негов потег е резултат на изјавата што Јалцин ја даде за медиумите и кога истакна дека Балотели нема мозок.
– Пријателите ми го покажаа видеото на кое Јалцин зборува дека немам мозок во главата. Без многу вознемирен. Отидов кај тренерот и му реков: Дај ми да играм, имам одговор на ова. Немам никакви проблеми со Бешикташ, со навивачите или со соиграчите. Знам дека сакаа да ме доведат и тука играат многу мои пријатели – рече Балотели.
View this post on Instagram