НЕ МРДНАА ЗА ДИВОГРАДБАТА НА ШИЛЕГОВ Опозицијата обвини за отворање предмет отфрлен од Вилма Русковска
Цел месец инспектори, обвинителство, институции бегаат од одговорност за чист криминал, со сите докази, од А до Ш, што и како прави Петре Шилегов, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Цел месец не се најде инспектор да дојде да измери дивоградбата на Петре Шилегов! Цел месец инспектори, обвинителство, институции бегаат од одговорност за чист криминал, со сите докази, од А до Ш, што и како прави Петре Шилегов. Молк! Јорган планина, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
– Затоа, пак, Љупчо путерот нарачува случај против градоначалник од опозиција за предмет за којшто дури и Вилма Русковска дигнала раце! Чист политички прогон! Чиста злоупотреба на институции! Да, сè е јавно, Путерче! Јавни се причините за 14-те пеплосани пациенти во болница; Јавни се причините за полициски спонзорираната трговија и шверцот на дрога; Јавни се причините за пасошите за мафијашите, фалсификување среде полициски станици, мафијашко извлекување на странски функционери! Јавни се причините за провизиите за вакцините и најголемата смртност! Јавни се причините за сите затвореници низ македонските улици! Сè е јасно! Оваа мафија, оваа криминална банда знае дека губи и сега се е во игра, сите злоупотреби на институциите. Да, Путер, еднаш се изрезили со инспекторите пред гранап на кандидат за градоначалник од опозицијата. Ова ти е втор обид. Цел изборен процес го доведуваш во прашање вели Стоилковски.