ЛИДИЈА ВУКИЧЕВИЌ СЕ СТРУПОЛИЛА ПО СКАЛИТЕ Со крвава нога продолжила да игра

Српската актерка се присетила на незгодата што ја доживеала среде претстава.

2,126

Српската актерка Лидија Вукичевиќ се присетила на својот најголем пех што ѝ се случил на „даските што значат живот“, кога падна од нив, а потоа, како вистински професионалец, станала и со крвава и онеспособена нога продолжила таму каде што застанала.

Имено, Вукичевиќ, на театарската сцена, имала таканаречена „брза промена“ поради која се симнала од сцената и од шест излези го избрала погрешниот – оној со скалила, низ кој се струполила.






– Еднаш паднав на сцената кога ја играв „Коштана“. Бидејќи постојано ја менуваме сцената кога сме гости, тогаш, се разбира, се случува да го погрешиме излезот. Имав две брзи промени на костимот, па наместо да одам во соблекувалната, од шест излези на сцената, го избрав погрешниот и налетав на спиралните скали, што водеа до ложиштето! Паднав толку незгодно и тешко што го скршив коленото, толку крвавеше, но, како и секој актер, професионалец, кој сака да истера до крај, ја завршив претставата со таква крвава нога – рекла Лидија.

 

 

Поврзани содржини