ПОВТОРНО ЛИ ЈАС СУМ ВИНОВЕН Чулев за запленетата дрога во возило на МВР
„Кој е виновен за новиот меѓународен скандал со запленето поголемо количество дрога во службено возило на МВР?! Повторно ли Наќе е крив?“, напиша Чулев на социјалните мрежи.
Поранешниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Наќе Чулев го искоментира инцидентот во кој полициски службеници биле фатени со марихуана на границата меѓу Албанија и Грција.
„Кој е виновен за новиот меѓународен скандал со запленето поголемо количество дрога во службено возило на МВР?! Повторно ли Наќе е крив?“, напиша Чулев на социјалните мрежи.
Како што велат од МВР, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика оделе на обука во Црна Гора. Користеле возило од Агенцијата за одземен имот, а истото било запленето од Царинската управа во 2016 година во акција за сузбивање на трговија со дрога. Од МВР уверуваат дека вработените немаат поврзаност со дрогата и не знаеле за неа.