ВМРО-ДПМНЕ ОЧЕКУВА ПОБЕДА НА ЛОКАЛНИТЕ Мицкоски оптимист, во Скопје Арсовска води пред Шилегов

На последната теренска анкета што ја нарачала партијата, спроведена од 23 август до 3 септември, води ВМРО-ДПМНЕ со 18,9 отсто пред СДСМ со 14,4 отсто и Левица со 6,9 отсто.

1,130

ВМРО-ДПМНЕ очекува на локалните избори да го повтори резултатот од последните претседателски и парламентарни избори, кога партијата освои повеќе гласови од СДСМ во 39 општини и во градот Скопје.

Сепак, за победник ќе се смета партијата која освоила повеќе градоначалнички мандати и повеќе гласови за советничките листи, прецизираше партискиот лидер Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.






На последната теренска анкета што ја нарачала партијата, спроведена од 23 август до 3 септември, води ВМРО-ДПМНЕ со 18,9 отсто пред СДСМ со 14,4 отсто и Левица со 6,9 отсто. Во албанскиот блок води ДУИ со 5,5 отсто пред Алијанса на Албанците и Алтернатива со 4,9 отсто. За градоначалник на Скопје води Данела Арсовска, независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, со 41 отсто, пред Петре Шилегов од СДСМ со 27 отсто од гласовите на испитаниците.

Поврзани содржини