ФРЛАЈТЕ ЏАМЛИИТЕ, ВКЛУЧУВАЈТЕ КОМПЈУТЕРИТЕ Видео-игрите влијаат позитивно врз развојот на децата

Играњето видео игри ги подобрува вештините за решавање проблеми и ја подобрува меморијата, бидејќи децата се сеќаваат на нивните претходни постапки.

300

Еволуцијата на видео игрите и големиот раст на нивните „потрошувачи“ во последниве години охрабруваат сѐ повеќе истражувања за влијанието на видео игрите врз здравјето на луѓето, особено кај децата. Според експертите, резултатите од неодамнешното истражување, укажуваат дека играњето видео игри има бројни предности и позитивни ефекти врз растот и развојот на децата.

Обично учиме за негативните аспекти на видео игрите од медиумите, а најголемите проблеми се насилството и зависноста од игри, меѓутоа, ако ги погледнеме трендовите во индустријата за игри, доаѓаме до заклучок дека насилството во видео игрите е помалку застапено отколку во другите форми на масовна, општо прифатена забава.






Се поголем број научни трудови кои се занимаваат со позитивното влијание на видео игрите го поддржуваат ова, пренесува Данас.

Донесување побрзи и поправилни одлуки

На 24 август 2010 година, професорката по когнитивна наука, Дафне Бавалиер, и нејзините колеги од Универзитетот во Рочестер објавиле студија која покажува дека играњето акциони игри ја зголемува можноста за донесување побрзи и поправилни одлуки.

Имено, играчите на акциони игри, не само што ги усовршиле своите вештини за играње по долг период на играње, туку развиле и многу други, корисни за секојдневниот живот, како полесно снаоѓање во просторот, можност за попрецизно следење на поединци во толпата, како и како побрзо читање на текстови со помали букви.

Една од најголемите предности на овие луѓе била зголемената способност за работа на неколку места, истовремено, т.н. мултитаскинг. Во научното списание „Кјурент Бајолоџи“, Дафне Бавалиер, Александар Пуге и Шон Грин, изјавиле дека луѓето што играат акциони игри носат одлуки 25 отсто побрзо од другите луѓе кои не ги играат.

Тимски дух

Понекогаш играњето видео игри е начин за децата да поминуваат време заедно и да научат како да комуницираат подобро. Играњето игри во групи е специфично општествено искуство, бидејќи на тој начин тие запознаваат нови луѓе и стекнуваат вештини за тимска работа (милиони луѓе ширум светот се собираат во виртуелни групи за да играат одредени видео игри).

Ако семејство или група пријатели играат заедно во тим и ги решаваат проблемите заедно, тоа е шанса за нив да се сретнат од нова перспектива и да го продлабочат пријателството.

Креативноста кај децата

Професорката на Државниот универзитет во Мичиген, психолог Линда Џексон, спровела научно истражување со своите соработници, во кое биле вклучени над 500 деца на возраст од 12 години.

Истражувањето покажало дека креативноста на децата кои играат видео игри, е зголемена во споредба со другите деца, но и дека користењето мобилни телефони, интернет и компјутери за други цели освен играње, има негативно влијание врз детската креативност.

Истражувањето направено од Линда Џексон е направено со помош на Тестот Торенс, научно прифатен тест во кој е неопходно да се нацрта креативен цртеж, користејќи заоблени линии, да се именува цртежот и подоцна да се напише приказна за темата на цртежот.

Намалена агресија кај децата?

Дали играњето игри како „Хало“, „Мортал Комбат“ или „ГТА“, кај деца каде што има депресивен симптом, служи како предизвикувач за зголемена депресија или зголемена агресија?

Според професорот Кристофер Фергусон од Универзитетот Стетсон и независната истражувачка Шерил Ослон, кои објавија студија, одговорот е – НЕ.

Според ова истражување, децата кои имаат симптом на недостаток на внимание, после играње игри добиле смирувачки ефект што им помогнал да ја намалат агресијата.

Фергусон и Олсон го спровеле истражувањето на 377 деца од различни етнички групи со просечна возраст од 13 години.

Ова истражување било дел од големиот проект направен од американската влада и кој имал задача да го испита влијанието на насилството во видео игрите врз младите.

Заклучокот донесен од оваа студија е дека не е пронајдена врска со зголемувањето на деликвентното однесување кај децата од тестираната возраст кои имаат симптоми на депресија и недостаток на внимание.

Решавање проблеми и подобра меморија

Со цел да победат во видео играта, играчите учат да ги планираат своите постапки и да разликуваат важни од ирелевантни информации.

Играњето видео игри ги подобрува вештините за решавање проблеми и ја подобрува меморијата, бидејќи децата се сеќаваат на нивните претходни постапки.

Позитивното влијание на играње видео игри, врз способноста за решавање проблеми, е најголемо со умерен број часови поминати во игра.

Исто така, постои уште еден предуслов за да постои овој ефект, важно е која активност за играње игри ја заменува. Имено, само ако децата играат видео игри наместо да гледаат телевизија, да се одмараат или да пазарат и слично, тие имаат позитивно влијание врз нивниот развој.

Меѓутоа, играњето видео игри не може да биде замена за учење или извршување домашна задача.

Поврзани содржини