РОНАЛДО НА ПРВО МЕСТО, МЕСИ НА ТРЕТО Кои се личностите со најмногу следбеници на Инстаграм?
На сите овие профили следбениците се бројат во стотици милиони, без разлика дали луѓето ги следат затоа што ги сакаат или само ги интересира што се случува во нивните животи.
Редоследот се менува секоја година, но повеќе или помалку, истите имиња секогаш се вртат на врвот за профили со најмногу следбеници. На сите овие профили следбениците се бројат во стотици милиони, без разлика дали луѓето ги следат затоа што ги сакаат или само ги интересира што се случува во нивните животи.
Социјалната мрежа Инстаграм е една од најпопуларните апликации денес, а Кристијано Роналдо е на прво место по бројот на следбеници од целиот свет. Имено, Роналдо има речиси 346 милиони следбеници, од кои повеќето се од Индија.
Зад славниот фудбалер стои Кајли Џенер, позната по учеството во ријалити-шоуто за своето семејство – Кардашијан и нејзината колекција на шминка. Кајли, која е на оваа социјална мрежа во категориите „мода“, „моделирање“ и „убавина“, има 269,4 милиони следбеници, а најголемиот број доаѓа од САД.
На третото место повторно е фудбалер, Лео Меси, со 266,8 милиони луѓе кои ја следат содржината што ја споделува, а претежно живеат во Аргентина.
Зад Меси, на четврто место е Ким Кардашијан, сестра на Кајли Џенер, позната и по учеството во нејзиното ријалити-шоу. Нејзиниот профил на Инстаграм има 254,9 милиони следбеници, претежно од Америка.
На петтото место е младата пејачка и актерка Селена Гомез со 263,5 милиони луѓе што ја следат, а на шестото место е Кендал Џенер, модел и сестра на Ким и Кајли.
Зад неа е пејачката Аријана Гранде со 267,1 милиони следбеници и актерката Зендаја која има 109,2 следбеници.
Пејачите Били Ајлиш и Бијонсе се на деветтото и десеттото место, пренесува Данас.