Пејачката Мајли Сајрус (28) го започна својот настап во маица од нејзината легендарна серија „Хана Монтана“, која ја вивна во ѕвездите. Долго време се обидуваше да се ослободи од имиџот на „слаткото девојче“, а во последните години тоа ѝуспева со провокативните настапи.
На неодамнешниот настап, Мајли облекла фустанче кое покажува повеќе кожа отколку што покрива, а за време на настапот, со заводливо танцување го покажала задникот под прекратко здолниште.
„Полна месечина“, напишала таа покрај фотографијата на Инстаграм на која го кренала здолништето.
View this post on Instagram
Покрај светкавата црно-розова комбинација, Мајли избрала соодветни светкави чизми над колена, што дополнително го зачини настапот.
Во последно време, таа избира рокерски „изглед“ со голем волумен на пократка руса коса и силна металик шминка.
Во настапот го вклучила и своето познато „тверкање“, енергично мавтање со позадината на кое публиката врескала.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм