КОМОРАТА ОСНОВА СОВЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕ Ќе се грижи за континуирано образование на раководните кадри
За претседател на Советот е избран д-р Глигор Бишев од Шпаркасе банка, додека за потпретседател на Советот е избран проф. д-р Горан Петрески од Економски факултет, УКИМ Скопје.
Стопанската комора конституираше Советот за унапредување на високото образование кој треба да организира и поттикнува соодветни облици за континуирано функционално образование и иновација на знаењата на раководните кадри, како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување – обуки, семинари, работилници и други начини на едукација.
За претседател на Советот е избран д-р Глигор Бишев од Шпаркасе банка, додека за потпретседател на Советот е избран проф. д-р Горан Петрески од Економски факултет, УКИМ Скопје.
Советот преку соработката со домашните и странски институции има главна цел освен развој и промоција на едукативните настани и да ја поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на високообразовните кадри со главна цел преку воспоставување Школата за продуцирање кадри за извоз да формира Институт за извоз.
Советот , како што информираа од Стопанската комора ќе развива три програми:
- Програма „Скопје“ – која нуди едукативни и други настани кои се реализираат преку Клубот на менаџери- претприемачи во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија,
- Програма „Охрид“ – која нуди едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери преку програми на менторство и
- Програма „Дојран“ – која нуди едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз.