МОРА НА ОПЕРАЦИЈА Елтон Џон паднал и го повредил колкот

311

Славниот музичар Елтон Џон доживеал несреќа поради која мора да ја одложи европската турнеја наречена „Збогум жолт пат од тули“.

„На крајот на летниот одмор, незгодно паднав на тврда површина и оттогаш чувствувам значителна болка и непријатност во колкот. И покрај физикалното и специјалистичкото лекување, болката се влоши и доведе до поголеми тешкотии при движењето – објаснил Елтон Џон во објавата на Твитер.






„Ме советуваа да одам на операција што е можно поскоро за да се вратам во форма и да се погрижам да нема долгорочни компликации. Ќе одам на програма за интензивна физиотерапија која ќе ми обезбеди целосно закрепнување и враќање во целосна подвижност без болка“, додал музичарот.

И покрај болката што ја чувствува, Елтон Џон ќе настапи на 25 септември на добротворниот настан „Глобал граѓанин“.

– Не сакам да ја изневерам добротворната организација. Бидејќи има само пет песни, тоа е многу поинаков физички потфат отколку да свириш речиси три часа секоја вечер на турнеи и ноќни патувања од земја во земја – вели музичарот.

Турнејата низ Европа треба да се одржи во 2023 година.

– Знам колку беа трпеливи моите обожаватели откако турнејата поради ковид-19 беше прекината минатата година и срцето ми се крши поради тоа што уште мора да чекате. Целосно ги разбирам вашите фрустрации по годината каква што ја имавме – заклучува Елтон Џон.

Поврзани содржини