СПОРОТ СО БУГАРИЈА ГИ „УСПОРУВА“ И СОСЕДИТЕ Влијаеме лошо на Белград и Приштина

Во Брисел постои страв дека поради изборите во Бугарија закажани за ноември, Северна Македонија повторно ќе биде блокирана на декемврискиот Совет, под словенечко претседателство.

258

Блокадата што Северна Македонија ја доби во спорот со Бугарија лошо влијае врз дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, јавува МИА. Сепак, ни тој, ни неговиот колега Габриел Ескобар од американскиот Стеј департмент нејќеа да го коментираат новиот „нон-пејпер“ во македонско-бугарскиот спор.

– Се разбира дека ова има последици врз дијалогот и тие последици се негативни, фактот што Северна Македонија не отвори преговори со ЕУ негативно го погоди кредибилитетот на ЕУ во регионот, јас со ова лично се соочив за време на моите посети и патувања и нема да се подобри сè додека Северна Македонија и Албанија не започнат со преговоритеи – зјави специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан.






Ќе чекаме сè дур не се оформи влада во Бугарија

Лајчак денеска заедно со заменик претставникот на Стејт Департментот на САД за Европа, Габриел Ескобар, одговорија на неколку прашања во рамки на конференцијата организирана од страна на Европскиот центар за политика.

Лајчак исто така се осврна на политичката криза во Бугарија каде изборите никако не резултираат со јасни резултати.

– Изборите не произведоа власт со јасен и силен мандат и сега треба да чекаме влада со мандат и да го решиме ова прашање без одлагање – изјави Лајчак.

Вашингтон очекува некои ЕУ-земји да ја зголемат поддршката за Македонија

Некои дипломати во Брисел за МИА коментираат дека станува збор за еден вид на притисок и обид да се актуелизира прашањето.

– Што се однесува до Северна Македонија и Бугарија ова мора веднаш да се реши и да ѝ се дозволи на Северна Македонија да го продолжи патот по кој макотрпно работеше за резултати. Се согласувам дека ова билатерално прашање не смее да го попречи процесот на проширување и се надевам дека ЕУ ќе изнајде механизам за да се реши – рече Габриел Ескобар, претставникот од американскиот Стејт Департмент.

Ескобар упати порака до земјите членки на Европската Унија дека Вашингтон очекува поголема поддршка од некои земји членки на ЕУ за проширувањето, но одби да ги именува и нагласи дека Унијата треба да биде свесна оти Западниот Балкан е регионот со најбрз економски раст во Европа, поради што ѝ е и потребен на ЕУ.

Македонија ќе ја пропушти новата шанса во декември

Европратеничката Виола Фон Крамон од своја страна истакна дека спорот помеѓу Бугарија и Северна Македонија не смее да се одолговлекува.

– Требаше десет години да се реши спорот помеѓу Грција и Северна Македонија, немаме толку време, барам да се изнајде решение, има формати како Жан Моне дијалогот, треба да се напредува што побргу, да се оди во земјите и да се изнајдат предлози дури и пред изборите – рече пратеничката.

Во Брисел постои страв дека поради изборите во Бугарија закажани за ноември, Северна Македонија повторно ќе биде блокирана на декемврискиот Совет, под словенечко претседателство.

– Нова блокада би имала сериозни последици како за земјата така и за регионот – сложни се во институциите на ЕУ.

Поврзани содржини