МИЛЕСКИ СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА Не можев да се оглушам на барањата на членовите на партијата

Лидерот на ЛДП вели дека доколку не се кандидирал, ќе имал чувство дека ги предал очекувања и барања на неговите пријатели и сограѓани.

968

Лидерот на ЛДП Горан Милески ја прифати одлуката на партијата да се кандидира на локалните избори за градоначалник на општина Битола.

Тој како што објави на Фејсбук ја доставил кандидатурата.






– Долго размислував дали да го прифатам предизвикот и да влезам во изборната трка. Не можев да се оглушам на барањето на членовите на партијата, како и на големиот број на граѓани кои бараа од мене да се кандидирам за градоначалник. Доколку не се кандидирав, ќе имав чувство дека сум ги предал очекувања и барања на моите пријатели и сограѓани. Тоа ќе беше голем терет за мене и немаше да можам да продолжам да работам со таквите чувства. Влегувам во трката без никакви притисоци за изборниот резултат. Ќе понудиме проекти, ќе ја претставиме нашата визија за развој на градот и ќе се обидеме да ги убедиме граѓаните да гласаат од срце, а не по наредба – напиша тој на фејсбук.

Тој најави дека ќе настапи со тим на кандидати за советници во кој има голем број на непартиски луѓе, ентузијасти.

 

Поврзани содржини