14 ТЕЛА НА ПОЧИНАТИ ВО ПОЖАРОТ СЕ ВО СУДСКА МЕДИЦИНА Обдукцијата треба да заврши денеска

Директорот  на Институтот Александар  Станков вели дека сѐ уште не се знае на колку тела ќе треба да се врши ДНК анализа и засега не открива во каква состојба се донесените тела.

321

Во Институтот за судска медицина се донесени 14 тела од пожарот во ковид центарот во Тетово и во текот на денот ќе треба да заврши нивната обдукција. Во текот на ноќта се завршени четири обдукции.

Директорот  на Институтот Александар  Станков вели дека сѐ уште не се знае на колку тела ќе треба да се врши ДНК анализа и засега не открива во каква состојба се донесените тела. Сепак, вели тоа што починатите биле ковид пациенти ја отежнува работата бидејќи треба да се почитуваат протоколите.






– Фактот што се тоа ковид позитивни пациенти ја отежнува работата, меѓутоа, ние за цела оваа година работиме под исти услов, под исти мерки и сега за сега сме зачувани од некаква инфекција којашто би можела да настане. Меѓутоа, ги запазуваме сите протоколи, работиме во малку поотежнати услови, но ќе се завршат брзо обдукциите –  рече Станков за „Сител“.

Поврзани содржини