И ФИЛИПЧЕ ТРГНА КОН ТЕТОВО Ковид центарот сѐ уште гори
Неколку противпожарни екипи се на терен, се обидуваат да го стават под контрола огнот.
Министерот за здравство, Венко Филипче итно се упати за Тетово каде што доцна вечерва избувна пожар во Ковид центар.
– Да се упатувам кон Тетово – изјави Филипче за ТВ21
Неколку противпожарни екипи се на терен, се обидуваат да го стават под контрола огнот.
Во СВР Тетово околу 21 часот повеќе граѓани пријавиле дека избувнал пожар во модуларната болница. На лице место веднаш биле пратени полициски службеници.
Сепак засега велат дека немаат официјални информации дали има повредени и колку пациенти имало.