ФУСТАН ЗА ДРЖЕЊЕ ДИСТАНЦА Се шири кога некој ќе се доближи до вас (ВИДЕО)

Фустанот е наречен „Проксимити Дрес“, има термо сензор на јаката што се активира кога некој е преблизу до вас, по што фустанот се шири настрана, благодарение на механизмот кој се наоѓа во пределот на колковите.

488

Во време кога физичкото дистанцирање стана нова реалност во која живееме, понекогаш е фрустрирачки, дури и опасно, доколку другите не го почитуваат тоа правило. Но, заштитата на личниот простор за многумина беше секојдневна работа и пред пандемијата, особено за припадничките на понежниот пол. Токму поради овие причини, холандската дизајнерка Анук Випрехт, создаде футуристички фустан што се шири кога некој е премногу навлезен во вашиот личен простор.

Фустанот е наречен „Проксимити Дрес“, има термо-сензор на јаката што се активира кога некој е преблизу до вас, по што фустанот се шири настрана, благодарение на механизмот кој се наоѓа во пределот на колковите. Бидејќи фустанот е направен од меки материјали, оваа бариера помеѓу вас и луѓето околу вас нема да ги повреди, туку само ќе им даде до знаење дека треба да стојат малку подалеку.






Сензорот на фустанот не испушта несакани звуци при активирањето. Како и материјалот на фустанот, така и тој е направен со помош на 3Д печатач.

Овој фустан сè уште не е излезен во продажба, но неговата креаторка го носеше во Мајами, минатата година, сред пандемија и тврди дека фустанот ја завршил онаа работа за која е дизајниран.

Поврзани содржини