ВО АВТОБУС ЗАБОРАВИЛА 40.000 ЕВРА Возачот ја нашол торбата

Благодарение на чесноста на вработените во автобуската компанија, жената е повикана во полиција да си ја земе торбата со пари.

643

Несекојдневен случај е пријавен во францускиот град Нимес.

Жена во францускиот Нимес, град на југот на земјата, сигурно била во голем шок кога забележала дека во момент на невнимание во автобус ја оставила торбата во која имало 40.000 евра.






Благодарение на чесноста на вработените во автобуската компанија, жената е повикана во полиција да си ја земе торбата со пари, пишува весникот Миди Либре.

Возачот на автобусот ја нашол торбата на крајот од смената и ја оставил во багажникот на автобусот без да погледне што има во неа.

За да се најде сопственикот, друг вработен ја отворил торбата и во неа нашол 40.000 евра, како и документ кој го докажува легалното потекло на парите.

Поврзани содржини