Српската пејачка Ана Николиќ често ги изненадува своите следбеници на социјалните мрежи со многу интересни објави, па така било и сега. На забавата што ја „направила“ на границата ѝ била потребна само силна музика и журката била одлична.
Имено, Николиќ долго чекала на граничниот премин помеѓу Србија и Унгарија, па одлучила да го искористи моментот. Пејачката излегла од своето комбе, носела хеланки и маица и темни очила за сонце на лицето, па пуштила гласна музика и запејала.
Во еден момент Ана ја кренала маицата и почнала да врти со колковите, а како и обично, нејзиното хит видео ги насмеа верните обожаватели.
– Снимам спот – се пошегувала пејачката кога излегла од комбето, па почнала да танцува.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
ФОТО: Инстаграм