КОРОНАВИРУСОТ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ И ВО СПЕРМАТА Загрозено репродуктивното здравје
Нема никакви показатели дека вакцината влијае на стерилноста, но болеста влијае на репродуктивното здравје, вели д-р Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести во Загреб.
Д-р Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести во Загреб вели дека од пандемијата загрозено е и репродуктивното здравје, додавајќи дека коронавирусот може да се најде и во спермата.
На прес конференција таа најавила почеток на проект кој ќе го следи машкото и женското репродуктивно здравје.
– Се гледа дека инфекцијата може значително да влијае за смрт на плодот и на предвремено породување, како и на подоцнежни последици. Трудниците почесто завршуваат на интензивна нега, а децата сè почесто на неонатолошкото одделение – вели Маркотиќ.
Но ниту мажите не се поштедени од ефектот на коронавирусот на репродуктивното здравје.
– Кај мажите е забележано дека вирусот може да се најде во тестисите и во ејакулатот – вели лекарката.
Таа вели дека според достапните студии, кај вакцинираните не се регистрира ништо од тоа и дека е страшно дека такви невистини се шират во јавноста.
– Нема никакви показатели дека вакцината влијае на стерилноста, но болеста влијае на репродуктивното здравје – вели Маркотиќ.