ПРИНУДЕН ДА СЕ ВАКЦИНИРА Мицкоски примил прва доза (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата открил и дека на 23 август правел тест и имал близу 1.200 антитела, како и дека се вакцинирал со сопругата во салата „Борис Трајковски“.

1,751

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откри дека примил прва доза вакцина против ковид-19, во неговото гостување во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.

– Искрено, вчера отидов да се вакцинарам, но бидејќи сум лимитиран. Не можам пристојно да се движам низ државата поради оние мерки коишто се за мене лично катастрофално глупави. Отидов и бев принуден да се вакцинирам и се вакцинирав. Вчера се вакцинирав – рече Мицкоски.






Тој во емисијата открил и дека на 23 август правел тест и имал близу 1.200 антитела, како и дека се вакцинирал со сопругата во салата „Борис Трајковски“.

Тој укажа дека не се вакцинирал со камери, бидејќи за таква работа нема потреба од камери, како што правеле некои.

-Вчера ја добив вакцината и за еден час можев да седнам каде било, дополнително никој не знае ни дали документот е мој, нешто што е целосно неприменливо. Вработените не се вакцинирани, а гостите треба да се вакцинирани – посочи Мицкоски.

Тој додаде дека ако власта и надлежните не знаат што да прават треба да видат што се прави во другите држави.

 

Поврзани содржини