ТРАЈНО ЌЕ ОСТАНАТ ВО БРИТАНИЈА Добра вест за Авганистанците кои работеле за Даунинг стрит

Лицата кои ги исполнуваат условите ќе имаат можност да останат во Велика Британија на неодредено време, а не само пет години, како што претходно им беше понудено.

237

Авганистанците, кои работеле за британската Влада или армија, ќе можат трајно да се преселат во Велика Британија, објави денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Одлуката е дел од планот наречен „Операција топло добредојде“, кој предвидува лицата кои ги исполнуваат условите ќе имаат можност да останат во Велика Британија на неодредено време, а не само пет години, како што претходно им беше понудено.






Во исто време, оние кои веќе се во Велика Британија можат да го подобрат својот статус и да бараат постојана работа, јави Би-Би-Си.

Велика Британија од 13 август евакуираше повеќе од 8.000 луѓе како дел од планот наречен Авганистанска политика за преселување и помош (АРАП).

Поврзани содржини