ШЕСТ НАЈРАНИ СИМПТОМИ НА РАК НА ЖЕЛУДНИКОТ Вака телото испраќа знаци дека во вашиот организам се развива опасна болест
Карциномот е сè почеста болест која погодува сѐ поголем дел од луѓето, покажуваат резултатите од истражувањата.
За среќа, болеста може да се забави, но и да се излекува во голем број од случаите доколку се открие навреме. Многу е важно да го слушате вашето тело и да ги следите сигналите што ви ги испраќа.
Истражувањата покажуваат дека, кога станува збор за рак на желудникот, од него најчесто заболуваат мажите постари од 55 години и луѓето кои долго години се пушачи и кои не внесувале доволен број на влакна преку храната или, пак, јаделе премногу зачинета храна.
Црвеното месо во премногу големи колични може, исто така, да биде причина за појава на рак на желудникот, се наведува во спроведените студии.
Пред болеста да напредува, се појавуваат симптоми кои можат да бидат сигнали дека нешто не е во ред, а тоа се:
– Проблеми со дигестивниот систем
– Лошо варење
– Надуеност и гасови кои траат со денови
– Немате чувство дека сте сити по обилен оброк
– Мачнини и повраќање
– Болка во стомакот
Ова се најраните симптоми кои не треба да ги занемарувате. Како што болеста напредува исто така може да се појави и крв во столицата, лош апетит, губење на килограмите, замор, анемија, жолтило на кожата или во очите.
Лекарите нагласуваат дека ракот на желудник е излечив доколку се дијагностицира навреме, затоа добро слушајте го своето тело и јавете се кај лекар.