НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ, БЕЗБЕДНО Е Водител ги смирува гледачите, а околу него талибанци со автомати (ВИДЕО)
Домаќинот изгледа исплашено, а медиумите објавија дека водителот бил опколен од најмалку осум талибанци.
Видео од авганистански ТВ водител, опкружен со вооружени талибанци, и кој им кажува на гледачите да не се плашат, масовно се шири на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како водител им вели на гледачите да не се плашат додека зад него стојат вооружени талибанци. Домаќинот изгледа исплашено, а медиумите објавија дека водителот бил опколен од најмалку осум талибанци.
Со вооружени талибански борци зад себе, водителот на „Peace Studio“ на авганистанската телевизија вели дека Исламскиот емират (име што го користат талибанците) сака јавноста „да соработува со него и да не се плаши од тоа“, вели новинарот на Би-Би-Си, Кијан Шарифи на Твитер.
Минатата недела Дојче веле објави дека талибанците убиле роднина на еден нејзин новинар. ДВ наведува и дека талибанците упаднале во куќите на тројца новинари. Новинар и снимател на „Tolo News“ беа нападнати од талибанците додека снимаа репортажа во Кабул.
Репортери без граници објавија најмалку седум напади врз новинари откако талибанците дојдоа на власт.