ПОЖАРИТЕ ГОЛТНАА МАКЕДОНСКИ ШУМИ Изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса

Владата го задолжи ЈП Национални шуми да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен.

184

Владата денеска на седница го разгледа Извештајот на ЈП Национални шуми за штетите од пожарите заклучно до 15 август во кој се констатира дека од вкупно зафатените 9.907 хектари, 8.803 отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса.

Согласно оваа информација, Владата го задолжи ЈП Национални шуми да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен.






Дополнително, Владата го задолжи ова јавно претпријатие целокупната количина опожарена дрвна маса како последица од пожарите да остане во сопственост и со неа целосно да стопанисува ЈП Национални шуми.

Поврзани содржини