ЕРБНБ ИМ ПОНУДИ СМЕСТУВАЊЕ Бесплатен престој за 20.000 Авганистанци
Раселувањето и преселувањето на авганистанските бегалци во САД и на други места е една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време, вели Брајан Чески, директор на Аирбнб.
Платформата за сместување преку интернет Ербнб соопшти дека ќе смести 20.000 авганистански бегалци, бесплатно за да им помогне да се преселат низ целиот свет.
Шефот на компанијата рече дека овој потег е одговор на една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време. Тој рече дека фирмата чувствува одговорност да помогне.
Главниот извршен директор Брајан Чески се надева дека оваа постапка ќе ги инспирира и другите деловни лидери да го сторат истото, бидејќи нема време за губење.
– Десетици илјади авганистански бегалци се преселуваат низ целиот свет, каде што престојуваат, таму ќе започне првото поглавје во нивниот нов живот. За овие 20.000 бегалци мојата надеж е дека заедницата Ербнб ќе им обезбеди не само безбедно место за одмор и место каде што треба да започнат од почеток, туку и топло добредојде дома – вели Чески.
Понудата започнува веднаш, а компанијата рече дека работи со невладини организации кои се на терен, за да помогне на оние на кои најмногу им треба.
„Од денес Ербнб ќе започне со сместување на 20.000 авганистански бегалци на глобално ниво“, пишува во денешната објава на Твитер на Чески.
Компанијата се изјасни дека трошоците за престој ќе бидат финансирани преку придонеси од Аирбнб и Чески, како и донатори на бегалскиот фонд на Airbnb.org.
Тој побара волонтери домаќини да го контактираат.
– Раселувањето и преселувањето на авганистанските бегалци во САД и на други места е една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време – вели Чески.