СИТЕ ЈА ПРАВИМЕ ОВАА ГРЕШКА КОГА ПЕРЕМЕ АЛИШТА Микробиолозите открија – не сте свесни колку ризикувате

Бројни студии покажаа дека облеката што се мие на ниски температури може да пренесе опасни бактерии како што е ешерихија коли.

9,233

Сите ние ги правиме овие грешки при перењето алишта и не знаеме колку тие можат да ни наштетат на нашето здравјето.

Секој знае дека единствениот безбеден начин да се отстранат бацилите и бактериите на алиштата е да се „варат“, односно да се измијат на 90 степени. Сепак, одредени ткаенини не толерираат толку висока температура, боите не се стабилни, па тогаш ја поставуваме машината на 30 и 40 степени.






Микробиолозите се експлицитни – престанете веднаш на овој начин да ја перете облеката!

Според нив, најниската температура која гарантира дека ќе ги отстраните сите „непријатели“ од облеката, бактериите, вирусите, грините и мртвите клетки на кожата е 60 степени. Ова е особено важно при перење детска облека, бидејќи малите деца се почувствителни на вируси и имунитетот сè уште не е целосно развиен.

Бројни студии покажаа дека облеката што се мие на ниски температури може да пренесе опасни бактерии како што е ешерихија коли. Оваа бактерија, која е исклучително упорна и многу тешко се исфрла од телото, „преживува“ на температура од 37 степени, што значи дека миењето на 30 степени нема да ја уништи.

Исто така, микробиолозите советуваат дека откако ќе ги измиете алиштата, уште еднаш оставете ја машината да го „сврти кругот“ на 90 степени, за да бидете сигурни дека „непријателите“ од кои се ослободивте при првото перење не се задржаа во машината и така се пренесат следниот круг облека.

Поврзани содржини