РОБОТ ИСТРЧА ПЕТ КИЛОМЕТРИ ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН ЧАС Запознајте ја Каси со убавите нозе ВИДЕО
Каси ги истрча 5те километри за 53 минути, станувајќи првиот двоножен робот, или „роботка“, која користела машинско учење, што значи вештачка интелигенција, за да го контролира своето одење на отворено. Развиван од истражувачи од Државниот универзитет во Орегон и фирмата Agility Robotics, овој пар на роботски нозе може да отвори врата за многу нови машини инспирирани од животните и луѓето.
Можете да трчате, можете и да се криете, но роботите – роботите веројатно сѐ уште доаѓаат по сите нас. Всушност, веќе не можете да трчате. Роботот Каси само што истрча пет километри за помалку од еден час, пишува IFL Science.
Во огромниот скок напред за автономните роботи, Каси ги истрча 5те километри за 53 минути, станувајќи првиот двоножен робот, или „роботка“, која користела машинско учење, што значи вештачка интелигенција, за да го контролира своето одење на отворено. Развиван од истражувачи од Државниот универзитет во Орегон и фирмата Agility Robotics, овој пар на роботски нозе може да отвори врата за многу нови машини инспирирани од животните и луѓето.
– Студентите од Лабораторијата за динамичка роботика во Инженерскиот колеџ ОСУ комбинираа експертиза од биомеханика и постојни методи за контрола на роботи со нови алатки за машинско учење – рече Џонатан Херст, ко-основач на фирмата Agility Robotics, во изјава за медиумите.
– Овој тип на холистички пристап ќе овозможи нивоа на изведба слични на животните. Неверојатно е возбудливо – вели тој.
Каси е всушност четвртата од шест варијанти на двоножни роботи на Agility Robotics и беше развивана од 2009 до 2016 година. Во следните две години, Каси беше достапна за продажба (за непозната цена, но под 300.000 американски долари) пред да биде прекината во 2019 година за да се отвори патот за „Дигит“, нивниот најнов модел.
Каси беше дизајнирана како отворена платформа за развој на роботското движење, а може да извршува многу секојдневни задачи. Оваа комбинација направи Каси да ја испробаат во многу различни сектори.
Денес, и покрај тоа што повеќе не е достапна за продажба, се чини дека Каси сѐ уште е подготвена за предизвикот и го заврши неодамна неработеното со само една батерија. Каси ќе го завршеше својот „маратон“ уште побрзо од 53 минути и 3 секунди, ако не паднеше двапати. Еднаш заради прегревање на компјутерот и еднаш затоа што се обиде да се сврте многу брзо.
Она што го прави подвигот толку импресивен е што Каси научи да оди самостојно, користејќи само машинско учење. После многу неуспеси да постигне рамнотежа и да научи да оди таа стана прав маратонец. Преку овие алгоритми, истражувачите сакаат да направат робот кој ќе може да им помага на луѓето без надворешна помош, што може да има огромни импликации во потрагата и спасувањето, испораката на пакети и во други дејности.
– Во не многу далечна иднина, секој ќе види и ќе комуницира со роботи на многу места во секојдневниот живот, роботи кои работат заедно со нас и го подобруваат квалитетот на нашиот живот – рече Харст.
Каси и Дигит сега им се придружуваат на бројните други двоножни роботи кои се развиваат денес, вклучувајќи го роботот Atlas на Бостон Дајнамикс, па дури и Леонардо на CalTech, робот кој се потпира на штаки за да се одржува во движење.
Подоле видете го Атлас кој пред некој ден почна да прави атлетичарски скаламерии.