ЗАСТРАШУВАЧИ БРОЈКИ Од 101 починат од ковид-19 неваквинирани се 92 отсто
Од 9.881 позитивни на ковид- 19, во последните две недели 8.374 граѓани не биле вакцинирани, додека 1507 биоле вакцинирани со две дози и поминати 14 дена по вакцинирањето.
Само 15 отсто од целосно вакцинираните во изминатите две недели биле позитивни на ковид-19. Од нив 8 отсто од заболените кои биле вакцинирани починале, а процентот на хоспитлаизирани е 9 отсто. Кај невакцинираните бројките се алармантни, покажува анализата на Министерството за здравство. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9.881 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19. Од нив само 15 отсто биле целосно вакцинирани, односно 1.507 лица.Податоците покажуваат дека бројките кај невакцинираните се многу поинакви. Од 9.881 позитивни на ковид- 19, во овие две недели 8.374 граѓани или 85 отсто биле невакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91 отсто, додека само 9 отсто од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице со ковид- 19, невакцинирани биле 92 отсто, од починатите, а само девет лица односно 8 отсто примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе хронични заболувања.
До вчера во земјава вкупно се аплицирани над еден милион дози вакцини, а целосно вакцинирани со две дози се 491.169 граѓани. Самопрва доза вакцина примиле 11. 925 граѓани.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.