КОРОНАТА ГО ОСТАВИ БЕЗ ОПЕРАЦИЈА Американец 10 дена чека да му бидат извадени шест куршуми (ВИДЕО)
Аманда Каловеј, портпаролка на здравствениот систем, рече дека поради ограничените ресурси и мноштвото пациенти кои постојано доаѓаат на интензивна нега, се случуваат вакви случаи.
Жоел Валдез веќе 10 дена лежи во болницата Бен Тауб во Хјустон, чекајќи ја операцијата со која лекарите ќе му отстранат шест куршуми од телото.
Тој бил колатерална штета при пукањето помеѓу две семејства, а сега го минува најтешкиот период во неговиот живот.
– Имам скршени коски и куршуми во себе повеќе од една недела, ова е фрустрирачки – рече Валдез.
Тој вели дека сите се изненадени што по повеќе од една недела, тој немал операција за повредите на рамото, вратот и градите, каде што бил застрелан.
Во болницата Бен Тауб, каде Валдез чека операција, капацитетот за интензивна нега беше во понеделникот на 103%, а една третина од тие паѓа на пациенти со ковид-19.
Слична е ситуацијата и во другите болници во Тексас.
Аманда Каловеј, портпаролка на здравствениот систем, рече дека поради ограничените ресурси и мноштвото пациенти кои постојано доаѓаат на интензивна нега, се случуваат вакви случаи.