20 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ КАРПАЛАК Оддадена почит на 10 загинати бранители

Чествувањето на загинатите бранители ќе продолжи утре со положување цвеќе на споменикот во месноста Карпалак на автопатот Скопје - Тетово и оддавање почит на загинатите бранители пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп.

670

Владата денеска го отпочна одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година, информира владината прес служба.

Надворешниот соработник за одбрана на премиерот, Драган Василевски со положување свежо цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, им оддаде почит на загинатите бранители Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско.
Во име на Владата, по повод две децении од загинувањето на десетмината армиски резервисти советникот Василевски вечерва положи цвеќе и на спомен обележјето во село Лениште по што владиниот претставник го посети манастирот „Св. Петка“, каде се одржа вечерна богослужба – велат од Владата.






Чествувањето на загинатите бранители ќе продолжи утре со положување цвеќе на споменикот во месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово и оддавање почит на загинатите бранители пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп.

Поврзани содржини