Жителите на Бардовци на протест против изградба на Центар за странци
Тие се незадоволни од односот на надлежните инситуции, затоа што никој досега, како што велат, не дошол да им објасни за каков објект станува збор и дали се оправдани нивните стравувања
Жителите на населбата Бардовци и денеска ќе протестораат против изградбата на Центар за странци во нивната блиска околина.
Тие се незадоволни од односот на надлежните институции, затоа што никој досега, како што велат, не дошол да им објасни за каков објект станува збор и дали се оправдани нивните стравувања. На таблата која е поставена на самата локација каде што се гради пишувало дека се работи за проект финансиран од ЕУ со 1,5 милиони евра, преку ИПА 2016, програмата „Миграции и азил, гранично управување и борба против тероризмот и организираниот криминал“. Ова известување, велат граѓаните е единствена информација што ја имаат за објектот што се гради и која им создава недоумици.
Протестот се очекува да почне во 18 часот, а има најава дека и утре во истото време, жителите ќе се соберат на улицата Скупи, во близина на бензиската станица на „Топ трејд“.