ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА Ќе го решиме проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит Пазар

Нема да си дозволам да носам некого на душа. Таму има факултет, минуваат деца, а и јас со семејството се движам таму. Безбедноста на граѓаните е најважна - нагласи градоначалникот.

0

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски порача дека ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит Пазар, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните е врвен приоритет и дека „тука нема компромис“.

Според него, постојат две можни решенија – преминот да се легализира согласно законските прописи и да се отстрани натпатникот за да се добие соодветно сообраќајно решение, или натпатникот да стане функционален, а нелегалниот премин да биде затворен.






Ѓорѓиевски најави средби со министерот за внатрешни работи и со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, со цел да се најде решение за ситуацијата, откако вчера градските власти не успеаја да го затворат преминот поради протест на граѓани и дуќанџии.

– Граѓаните сакаат ред во главниот град. Логично е да има одреден отпор, но Градот постапува според законот. Законите и правилата мора да важат еднакво за сите – изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека во изминатиот период до него пристигнале повеќе од сто барања од граѓани загрижени за безбедноста на оваа локација.

– Нема да си дозволам да носам некого на душа. Таму има факултет, минуваат деца, а и јас со семејството се движам таму. Безбедноста на граѓаните е најважна – нагласи градоначалникот.

Според него, долгогодишната пракса граѓаните да го користат дивиот премин е резултат на систем кој со години дозволувал таква состојба.

🎥 ГРАЃАНИ СО ПРОТЕСТ „ОДБРАНИЈА“ НЕЛЕГАЛЕН И НЕБЕЗБЕДЕН ПЕШАЧКИ ПРЕМИН КАЈ БИТ ПАЗАР Сообраќајот на кратко беше блокиран, интервенираше полицијата

Поврзани содржини