Пожари беснеат во Ѓорче Петров, жителите во паника (ФОТО)
Пожари беснеат низ целата општина, после депонијата во Ново Село, Орман и Ѓорче кај Јурија моментално пожар и во меѓу Ѓорче и Даме Груев кај касарната, наведено е на Фејсбук страницата „Ѓорче Петров.“
Неколку пожари беснеат на територијата на скопската општина Ѓорче Петров, а најстрашно е кај депонијата во Ново Село, во Орман и во Даме Груев кај касарната, објавено е на Фејсбук страницата „Ѓорче Петров“.
„Пожари беснеат низ целата општина, после депонијата во Ново Село, Орман и Ѓорче кај Јурија моментално пожар и во меѓу Ѓорче и Даме Груев кај касарната. Во исто време пола општина моли за вода, Орман, Кучково и најново во Хром! Жителите бараат помош од владата, од ЦУК, а градоначалникот никаде го нема. Голема подршка и благодарност до пожарникарите да не се они тешко нас“, се вели во објавата.